Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Фолк пејачката Цеца Ражњатовиќ повторно облече венчаница. Овој пат станува збор за новиот спот кој таа го снима за дуетската песна со Саша Матиќ.

Цеца Ражнатовиќ и Саша Матиќ снимија видеозапис за песната „Лажов ноторни“ која ќе се најде на новиот албум на Матиќ. Албумот ќе биде промовиран на 4 декември.

Спотот е снимен во ресортот „Дајмонд гарден“, а Цеца се појавува облечена во венчаница. Овој стајлинг уште еднаш ги поттикна муабетите на српскиот јасновидец Милан Тарот дека следната година Цеца ќе запознае маж, адвокат, во кој ќе се заљуби и со кого ќе се омажи пред крај на годината.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/