Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Цеца на снимање телевизиска новогодишна емисија се појавила со чанта која има вредност од 40 илјади евра. Чантата е од брендот "Ермес", а во светот има само 10 примероци од неа.

Цеца Ражнатовиќ деновиве се почестила со нова чанта која чини колку еден стан во Скопје! Имено, српската дива на снимањето на една телевизиска новогодишна емисија се појавила со “ермес” во рака, а чантата според официјалниот он-лајн ценовник на брендот чини неверојатни 40 илјади евра.

Истата е направена од крокодилска кожа и има само десет примероци во светот од неа.

Цеца се уште не се огласила по повод ваквите пишувања, но со оглед на фактот што важи за една од најплатените ѕвезди на овие простори, воопшто не не чуди и да искеширила толку пари. Се има, се може, многу јасно!

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/