Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Откако раскина со Стјепан, Розга си фати ново момче. Но и Стјепан не остана сам. Тој на инстаграм објави видео кадешто се наоѓа во друштво на Лола Астанова, една од најсексапилните пијанистки.

Хрватската поп-пејачка Јелена Розга, по раскинувањето на врската со Сјепан Хаусер од „2 челос“, си фати ново момче. Но, и Сјтепан не е сам. Хрватските медиуми веќе наголемо пишуваат за новата девојка на Стјепан, Лола Атанасова, која е пијанистка и потекнува од Русија, но со години живее во Америка. Стјепан на Инстаграм сподели снимка на која свири во друштво на една од најпознатите и најсексапилни пијанистки, Лола Астанова.

„Има ли нешто поубаво и поромантично од оваа мелодија“, напиша Хаусер покрај видеото кое го објави, а на кое свири со узбекистанската пијанистка, инаку позната по интерпретациите на Рахманиноф, Шопен и Лист.

Но, освен со свирењето, Лола внимание привлекува и со предизвикувачкиот изглед, сексапилната заводливост и сензуалност. Во тесен фустан, на високи потпетици, таа емотивната музичка изведба со еден од членовите на тандемот 2Cellos ја сподели и со своите над 200.000 пријатели.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/