Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

“Пуста да е печалба” е насловот на првенчето на група Респекти. Спотот се снимаше на повече локации во Скопје, а во соработка со ИН Продукција.

Група Респекти снимија спот за нивното првенче со наслов “Пуста да е печалба”.

-Нашето првенче е баш печалбарска песна, добра тема, прекрасна седмица во наш македонски ритам. Идејата е да биде така помодерен спот. Иако е пелалбарска знаеме порано како било, а мислам дека веќе сме и презаситени од печалбарски песни. Ајде и ние рековме да направиме, да се мешаме во овој проект. Бидејќи навистина успешни се печалбарските песни, имаме навистина голем број македонци што се надвор од Македонија, што сакаат да слушнат таква песна.-вели Даниел Сидовски, фронтменот на групата.

Песната ја напиша Орце Зафировски, а е снимена во “City sound” кај Љупчо Соколовски-Бубе.

-Фативме на неколку места кадри, во неколку предели. Ќе речам нашата Скопска Црна гора, има преубави предели, богата природа, зеленило, а временските услови сами ни дозволија да биде баш така есен, малку потажна приказна е, се работи, а слушателите и гледачите ќе го осетат сето тоа и гледаме да направиме што повеќе кадри на различни места за да можеме да направиме еден убав склоп на минатото и сегашноста.-додава тој.

Дел од кадрите се снимаа и во ресторанот “Наше место”, како и во дискотеката “ИВ”. Спотот е во соработка со ИН Продукција.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/