Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Околу четири години постојат на македонската музичка сцена. Група Респекти засега одлично котираат на естрадата.

Група Респекти скоро четири години постои на македонската естрада. Од бендот велат дека засега котираат одлично, додавајќи дека се трудат да ги задоволат сите вкусови на публиката и поврзуваат повеќе стилови на музика.

-Иако нема многу групи оваа бранша да ја работат баш буквално, бидејќи се определуваат на еден стил и тоа го работат одлично им оди не викам не, но гледаме да одговориме на повеќе места.-истакна Даниел Сидовски, фронтменот на група Респекти.

За да се успее на македонската естрада Даниел вели дека е потребна пред се хармонија, а потоа да се биде човек, па со оглед на тоа што се поголем тим да се држи баланс, флексибилност бидејќи заедно треба да се работи уште долго време.

-Мислам дека за 4 и пол години имаме доста остварено и како свирки и како проект, ова ни е првенче иако зад мене има три и заеднички и моја песна претходно, значи три последователни песни и оваа сакаме така да ни биде заедничка за ниво степен погоре да одговориме подалеку од нашите граници, кадешто имаме ете не викам не склоп на договори и слично па очекуваме и повик од нашинците од Австралија, Канада, Америка.-додава тој.

Тие деновиве во соработка со ИН Продукција снимија видео запис за нивното првенче и се надеваат дека со оваа заедничка песна ќе бидат еден степен погоре на естрадата.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/