Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Кате и групата Соната од Велес бележат успешна музичка година. Покрај многуте работни ангажмани тие ги вбројуваат и нивните фестивалски настапи кои неколку беа крунисани и со награди.


-Имавме успешно измината година, награда на фестивал, на Гоце фест, промоции на две забавни песни, промоција на нов спот, мислам дека имавме успешно измината година, вели Кате од групата Соната.

Секако нивните бројни работни ангажмани бележат низа настапи низ нашата земја и пошироко, а за новогодишните празници Соната ќе биде на домашно тло.

-Оваа година ќе бидеме на домашен терен, во нашиот роден Велес, во хотелот Гардениа, така што гарантираме дека ќе има прекрасна журка, вели Кате.

Групата Соната беше дел од новогодишното шоу кое деновиве се снимаше во ИН телевизија.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/