Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Кирил Митоски има голем број настапи на семејни веселби во Македонија, но и надвор од неа. 2017-та година како што вели тој поминала доста успешно за него и се надева дека наредната година ќе биде уште поуспешна со оглед на тоа што веќе при крај е новиот албум, за кој планира промоција во 2018-та.

Доста активен на македонската естрада е и пејачот Кирил Митоски. Тој често настапува на свадби и семејни веселби во земјава, а како што истакна во последно време брои голем број настапи кај нашинците во дијаспората.

-Како стални настапи ќе ги издвојам најчесто свадбите и гостувањата повеќе кај нашинците во дијаспората, така да не би можел со датум да кажам каде ама генерално за сите мои настапи ја известувам јавноста преку социјалните мрежи, така да нека следат, ќе видат.-вели Кирил.

За 2017-та година Кирил вели дека поминала доста успешно и уште подобро од претходните години.

-Од година на година можам да заклучам дека е се поуспешно и поуспешно. Оваа година според мене помина најдобро од претходните, се надевам дека 2018-та ќе биде поуспешна, само здравје. Ќе биде доста активна и 2018-та година со оглед на тоа дека вториот албум веќе е повеќе од пола сработен. Така да најверојатно и во 2018-та ќе има можност за нова промоција, се разбира во ИН ТВ.-додава Митоски.

Тој беше дел и од Новогодишното шоу кое деновиве се снимаше во студиото на ИН Продукција.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/