Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Новогодишно шоу се снимаше во студиото на ИН Продукција. Во шоуто беа вклучени голем број музичари и естрадни уметници од македонската музичка сцена, а дел од атмосферата ќе погледнеме во продолжение.

Во прекрасна еуфорична атмосфера и во присуство на голем број познати музички имиња, во студиото на ИН Продукција се сними Новогодишно шоу.

Еве што истакнаа дел од нашите музичари за гледачите на ИН ТВ.

-Па прекрасно се чувствувам. Благодарение на тоа што се организираат вакви новогодишни забави, тоа е еден одличен начин да се видиме со сите колеги бидејќи на друг начин неможеме да се видиме освен на некој настап. И ете така на едно место можеме сите да се видиме и убаво да си поминеме.-истакна Анета Арсовска.

-Па искрено ние како бенд имаме кажано и во неколку наврати, преблагодарни сме од ИН продукција, соработката ќе продолжи и понатаму. Ќе следат многу изненадувања во иднина и ќе им посакам многу здравје на сите наши обожаватели, многу успех и им благодариме многу за поддршката што ни ја дадоја целиот овој период наназад.-вели Ивица, член на Адреналин бенд.

-Што да кажам, кажано е. Единствената телевизија којашто ја негува нашата музика и песна што вреди да снимиш бидејќи знаеш дека некаде ќе те пуштаат. Инаку, тука е прекрасно, предновогодишно, весело, убаво, сите насмеани, сите спремни дружење со сите.-вели Амир Ибраимоски.

Снимањето на Новогодишното шоу, годинава се одржуваше во два вечери. Елена Велевска, Татијана Стефановска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Јовческа, Благица Павловска, Сузана Гавазова, Марјан Коцев, Влатко Алексовски, група Респекти, Адреналин бенд, Амир Ибраимоски, беа само дел од изведувачите кои учествуваа во шоуто.

Нашиот народ заслужува да здивне од секојдневието и да влезе во Новата година со позитивно расположение и весели песни.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/