Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

“Марио внуче сакано” доби доста позитивни реакции од јавноста.-вели пејачката Сања Ристеска. Песната е посветена на нејзиниот внук од сестра, а како што вели Сања тој иако е многу мал и има само три години ја знаел песната цела на памет.

Сања Ристеска пред извесно време го промовира видео записот за песната “Марио внуче сакано” која е посветена на нејзиниот внук. Таа вели дека е презадоволна од реакциите на јавноста, додавајќи дека тоа било и очекувано од нејзина страна.

-Песната Марио внуче саканое наменета за мојот внук од сестра, па реакциите беа сите позитивни, однапред знаев дека тоа ќе оди во позитивна смисла и е доста прифатена песната.-истакна фолкерката.

Сања вели дека и нејзиното внуче е пресреќно кога го гледа видео записот во кој главната улога ја има тој. Марио иако има само три години, песната ја знае на памет и како што открива пејачката ја пеел цела песна.

-Па Марио иако има три години ја пее цела песна, ја знае на памет и нон стоп кажува...Тета кога ќе снимаме друга песна?-додава таа.

Деновиве Сања во соработка со ИН Продукција снимаше спот за нејзината најнова песна “Ќе те полудам”, која се очекува за скоро време да добие и своја промоција. Таа е презадоволна од соработката со ИН и вели дека во претстојниов период ќе следуваат уште песни и видео записи.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/