Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Ѓоко Јовиќ од 5-то одделение започнал да учествува по фестивали низ Македонија. Неговата кариера започнува да расте со настапите на поголемите фестивали од 2005-та година.

“Вашиот прв аплауз” е прво музичко шоу кадешто настапил Ѓоко Јовиќ. Неговите почетоци и љубовта кон музиката како што истакна пејачот се многу одамна, уште од неговите детски денови. Ѓоко зад себе има и голем број освоени награди.

-Ако треба да се вратам уште помал кога бев тоа би требало да биде отприлика кога бев 6-то или 5-то одделение на “Вашиот прв аплауз” кадешто настапував во Скопје, неможам да се сетам во која сала се одржуваше тоа. Таму освоив прво место. После тоа исто освоив прво место во Неготино беше тоа како полуфинална вечер и кога требаше финалната вечер да се пее јас не отидов затоа што немав средства, ете реално да кажам.-истакна Ѓоко.

Неговата музичка кариера започнува да расте од 2005-та година кога започнал да настапува на поголемите фестивали во Македонија.

-Јас настапував редовно на фестивалите од 2005-та година од Фолк Фест во Пробиштип, потоа на Фолк Фест Валандово кадешто ја освоив првата награда од публиката. Истотака уште на многу други фестивали кадешто освојував прво, второ, трето место.-додава тој.

Ѓоко во моментов е еден од најпознатите и набарани пејачи во земјава и надвор од неа, заедно со момците “Енерџи бенд”.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/