Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

“Ќе те полудам” е новата песна на Сања Ристеска. Таа сними и спот за оваа песна кој е во соработка со ИН Продукција. Сања се одлучи да направи и голема промена на својот изглед, а за тоа е заслужен стилистот Алек Палада.

Сања Ристеска сними спот за нејзината нова песна со наслов “Ќе те полудам”. Таа е презадоволна од снимањето на видеото кое се одвиваше на неколку локации во Охрид, а првиот дел во студиото на ИН Продукција.

-Ова е навистина модерна песна, се надевам дека младата популација би ја прифатила доста добро, се надевам и постарите зошто да не.-вели Сања.

Музиката, текстот и аранжманот за песната “Ќе те полудам” се дело на Гоце Костоски-Пејак.

Сања истакна голема благодарност до стилистот Алек Палада, кој направи тотална промена на нејзиниот изглед. Таа не го криеше и задоволството од соработката со ИН Продукција.

-Од соработката со ИН Продукција сум премногу задоволна. Голема благодарност до нив. Очекувам уште подобра соработка, се надевам и нормално дека ќе има уште многу видеозаписи, нови песни не очекуваат. Нормално како и секој еден спот, беше доста напорно, но се надевам дека крајот ќе го краси делото.-истакна фолкерката.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/