Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Иако е доста зафатен со ангажмани, настапи и снимање нови песни, младиот пејач Ташко Каранфиловски често одвојува од своето слободно време за дружба со децата со посебни потреби. Тој многу ги сака тие деца и вели дека и во иднина ќе одвојува време за нив, бидејќи тие се деца кои знаат вистински да сакаат.

Ташко Каранфиловски е често во друштво со децата со посебни потреби. Тој при неговото гостување во ИН ТВ истакна дека многу ги сака тие деца и објаснува дека токму тие деца знаат вистински да сакаат.

-Па морам да кажам дека децата со посебни потреби ми се она што најмногу би го сакал во мојот живот и многу би сакал често да поминувам време со нив, бидејќи се оние кои знаат вистински да сакаат и навистина го ценат она што човек сака да го направи. Како и да е никогаш нема да се откажам од тоа да бидам со нив.-вели пејачот.

Тој за овие дечиња има организирано и хуманитарен концерт за кој како што вели поминал доста успешно. Истотака им овозможил и неколку екскурзии, а последната била во Корча.

-Јас пред неколку години направив хуманитарен концерт кој беше доста успешен во Ресен и би сакал да кажам дека скоро ајде да не речам секој месец, но на неколку месеци организирам по една екскурзија за тие дечиња, сакам и јас да сум со нив. Еве пред месец дена бевме во Корча, Албанија. Децата беа пресреќни, мене ме радуваше тоа што ја гледав нивната насмевка, дека се навистина преблагодарни што бевме заедно.-додава тој.

Ташко вели дека и во иднина ќе продолжи да одвојува време за децата со посебни потреби, додавајќи дека не би ги оставил никогаш.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/