Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Фолк-поп пејачката Елена Велевска вчеравечер на 18-то издание на Фолк фест “Роса” го сврте целото внимание кон себе,присутните во Македонската опера и балет останаа подзинати кога Велевска се појави во салата.


Позитивните реакции не стивнуваа траеа се до моментот додека Елена не излезе на сцена,и ја промовираше новата песна “Прва во се”,авторско дело на Љупче Василев кој ги направи музиката и текстот,а за аражманот беше задолжен Артан Кастрати,музичар кој е задолжен за најголемите хитови на Велевска. По завршувањето на спектакуларниот настап,кој беше последен на фестивалот,Елена остана уште долго во салата за да се сликаа со нејзините фанови и да го слушне нивното мислење за новата песна.


Фановите се воодушевени од настапот,песната но и од стајлингот.Велевска е позната што храбро знае да направи револуција и нешто кое е слично на се она кое го гледаме,а доаѓа од соседството и може со гордост да кажеме дека успеала во намерата да подигне прашина и да ги мрдне од мртва точка работите кои се случуваат во фолк музиката кај нас. Велевска специално за овој  настап слета со приватен авион од Софија,каде изминативе дена имаше неколку настапи во клубовите во Софија,телевизиски гостувања,но и беше дел од роденденскиот концерт на телевизија “Планета” кој се случуваше во Пловдив,за да Елена стигне на време во Скопје,продукцијата која стои зад нејзе и обезбеди приватен лет.


Велевска со овој настап докажа дека и ние имаме со што да се гордееме,слушаме,а притоа да е наше домашно,Македонско. По настапот,малата коктел забава организирана по фестивалот,Велевска ги спакува куферите и замина за Истанбул,каде ќе има неколку настапи,по што се враќа во Охрид и продолжува со обврските кои се веќе закажани,телевизиски гостувања и промоција на “Прва во се”.


За време на новогодишните празници,Елена подготви музичка новогодишна честитка составена од убави Македонски хитови,но и од најголемите нејзини хитови,и се тоа со “ИН продукција”.


scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/