Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Христијан Стојоски настапува заедно со младите момци од групата “Елшански мерак”. Тој вели дека имаат широк репертоар на песни и дека се задоволни од нивните настапи. Со оглед на тоа што е релативно млад, Христијан уверува дека во иднина ќе продолжи да ја негува македонската народна песна.

Во моментов настапува со групата “Елшански мерак”. Младиот Христијан Стојоски најчесто е ангажиран со нив, но не ја исклучува можноста за соработка и со други бендови од земјава, во зависност од нивните потреби.

-Задоволен сум, публиката има доверба во нас. Тоа што можеме за нашите години, даваме се од себе за да бидат задоволни, а настапуваме насекаде каде што ќе не викнат, не правиме проблем. Имаме широк репертоар и задоволни сме од настапите.-вели Стојоски.

Нивниот бенд повеќе ја милува македонската народна песна, но може да се случи да изведат и помодерна забавна музика. Христијан е релативно млад, но вели дека и во иднина ќе продолжи да ја негува народната музика.

-Јас ќе продолжам со народна музика да се занимавам, тоа ми лежи и неможам да се откажам. Додека имам текстописец како баба ми за такви песни. Па повеќе ми лежи тој стил, селски, стар начин на пеење отколку помодерниов. Така јас си проценив, па ќе кажат и гледачите и слушателите.-додава Христијан.

Тој ни откри дека за празникот Василица ќе настапи во Белчишта, по петти пат, а за Водици ќе биде ангажиран два дена во Охрид. За дочекот на Нова 2018-та година е сеуште во преговори.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/