Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Публиката на нивните настапи најчесто ги бара македонските песни. Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд, се меѓу најактивните бендови во земјава. Тие во интервју го кажаа нивниот став околу фестивалите во Македонија.

Со оглед на тоа што имаат бројни настапи во нашата земја, а често се ангажирани и надвор од границите на Македонија, Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ веќе важат за едни од најактивните бендови. Тие во интервју за ИН ТВ истакнаа дека на нивните настапи публиката најмногу ја бара македонската песна.

-Ја бараат...мислам дека 70-80 отсто може да се каже дека ја свириме македонската музика. Неможам да кажам дека на српската музика не се веселат, се веселат и на неа, но си работиме тоа што си го работиме, снимаме и македонски и српски, но повеќе промовираме македонско.-потенцира Ѓоко.

Кога станува збор за фестивалите во нашата земја, во изминативе 4 години, Енерџи бенд немале ниту еден настап на фестивал.

-Да бидам искрен, а и како што спомнавте најпрво ќе ги ставам ангажманите, а како второ како млад музичар мислам дека фестивалите го изгубија оној рејтинг којшто го имаа порано.-вели Александар.

За разлика од Енерџи бенд, нивниот вокал Ѓоко кој води и соло кариера, вели дека често настапувал на фестивалите, но и тој е со слично мислење како и Александар.

-Видов дека не е тоа тоа. Не се фестивалите како на времето кога беа. Барем се сеќавам кога бев многу мал и кога ќе се спомнеше Фолк Фест Валандово, јас како дете едвај го чекав тој ден да дојде. Значи како дете не сум пеел никаде, едвај чекав и како дечиња се собиравме и одевме да гледаме. Тоа беше многу интересно, но сега гледам веќе и дечињата ги нема на фестивалите го нема тој жар, да бидам реален и искрен. И самото жири веќе не се реални и искрени. Нешто прават и не би сакал да зборувам на таа тема.-додава Ѓоко.

Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ неодамна снимија и Новогодишно шоу во студиото на ИН Продукција, а гледачите за скоро време ќе имаат можност да уживаат во нивниот репертоар кој тие го избраа за шоуто.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/