Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Динамичен период со многубројни настапи и патувања, бележи фолк дивата Елена Велевска во периодов. Таа неодамна имаше како што вели посебно незаборавен настап пред нашинците во Австрија, каде настапуваше заедно со својот колега Душко Георгиевски.



-Бевме многу убаво пречекани од страна на организацијата, навивачкото друштво “Македонска фаланга” во Виена , имавме одлична забава , се собраа гости повеќе од очекуваното. Досега од моите ангажмани во Виена ова беше најмасовна посетеност имаше над 300 гости. Забавата помина навистина со многу песни, македонска музика се рабира бидејќи за тоа бевме таму отидени и се пееше буквално се. Се нарави една незаборавна ноќ и се надеваат на повторно што оскоро видување, вели Елена.

Престојниов период за Елена е најработно ангажиран. Како што кажува таа по нејзнинот настап на Роса Фестивалот, заминува во Турција со Влатко Миладиноски на веќе предвидени настапи. Неодамна Елена го сними досега најдоброто новогодишно шоу за ИН телевизија со одбрани песни за душа.


scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/