Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Новокомпонирани и неколку препеани македонски песни ќе се најдат на новиот албум на Дамјан Стојаноски. Цд-то ќе го презентира пред нашинците во Австралија, а ова за него е прва турнеја во далечната земја. Тој веќе ги започна тамошните настапи, а како што покажуваат фотографиите на неговиот фејсбук профил, си поминува одлично.

Новиот албум на Дамјан Стојаноски е со новокомпонирани песни, но и неколку препеани стари македонски. Дамјан ова цд го подготви пред неговото заминување за Австралија, за да има материјал со кој ќе се претстави пред тамошната публика.

-“Младиот Јорданчо” е препеана, истотака и “Тешко мина докторе”, народна е и “Попадна магла” значи имам ако не се лажам три народни песни кои ми се препеани на албумот, а останатите се новокомпонирани.-истакна Дамјан.

Тој потенцира дека во иднина ќе препее и ќе сними некоја песна од неговиот татко, легендарниот Војо Стојаноски, бидејќи како што вели има доста убави песни кои останале незабележани.

-Има песни коишто така поминале понезабележани од татко ми, а мислам дека се убави песни би сакал и планирам да снимам.-вели тој.

Дамјан иако е млад пејач и релативно нов на македонската музичка сцена, вели дека не го почитува снимањето на кавер верзии.

-Вака јас песните коишто ми се допаѓаат ги снимам студиски и искрено јас тие кавер верзии многу не ги почитувам.-додава младиот и талентиран пејач.

Дамјан Стојаноски во моментов е на неговата прва турнеја во Австралија, а како што можевме да погледнеме преку фотографии на социјалните мрежи тој веќе одржа неколку настапи пред нашинците па со сигурност можеме да кажеме дека си поминува одлично.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/