Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

"На концертите во Австралија ќе има и балкански вечери. Публиката бара и македонски и српски, затоа се трудиме да ги исполниме сите нивни желби."-вели Анета од група Молика.

Анета и група Молика на своите концерти се трудат да ги задоволат сите вкусови. Како што истакна Анета, на турнејата во Австралија покрај македонските, овој пат ќе има и балкански вечери.

-Се и сешто слушаат и таму. Зависи каква ќе биде забавата. Сега ќе имаме повеќе балкански забави така да ќе има и српски песни и македонски значи во однос на публиката. Гледаме што сака публиката, што ќе бара публиката тоа и да им послужиме.-вели таа.

Таа вели дека при секое гостување во Австралија, веќе се чувствуваат како дома, а со оглед на тоа што често настапуваат пред нашинците во дијаспората и се дружат со нив, си поминуваат одлично.

-Веќе се чувствуваме како дома, бидејќи сите имаме многу роднини таму низ сите градови во Австралија. Исто сме и таму топло пречекани, нашите концерти се полни. Известени сме дека и овие концерти се веќе распродадени. Така да одлично се чувствуваме таму како и секогаш.-потенцира фолкерката.

Тие се трудат публиката да биде секогаш добро расположена и ги исполнуваат сите вкусови на присутните гости.

Гледаме да ја исполниме секоја песна, секоја желба, така да секогаш се весели и расположени и што е најбитно секогаш топло не пречекуваат.-додава Анета.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/