Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Ташко Каранфиловски неодамна се врати од Шведска, каде одржа настап пред женската публика. За дочекот на Новата 2018-та е во преговори за неколку места, повторно надвор од Македонија.

Младиот Ташко Каранфиловски е доста ангажиран со настапи во нашата земја, но и надвор од неа. Тој неодамна се врати од Шведска, каде настапи пред женската публика и како што вели си поминал прекрасно.

-Има околу една недела откако се вратив од Шведска, бев таму на забава за жените морам да напоменам си поминав прекрасно. И минатата година присуствував на истата забава па ете беа задоволни и ме побараа и годинава да им бидам гостин, поминавме уште една весела забава, беа задоволни тие, а и јас, бевме заедно со Боже од Битола и морам да кажам дека луѓето се презадоволни.-истакна Каранфиловски.

Со оглед на тоа што имаше само еден настап, а престојуваше една недела, Ташко имаше време да се прошета и да ужива во убавините кои ги нуди оваа земја. Тој открива во Шведска бил повеќе пати и имал можност да запознае повеќе места.

-Повеќе од 15тина пати сум бил во Шведска и веќе сите места ги имам посетено, ми оставија навистина голем белег и ми се во големо сеќавање. Сум посетил повеќе градови, можам да кажам скоро цела Шведска ја имам прошетано и навистина ми се допадна.-додава тој.

Младиот пејач деновиве подготвува нови песни кои ќе се најдат на неговиот албум кој треба да биде готов пред Нова година. За скоро време планира да сними и три видео записи со кои ја најавува соработката со ИН Продукција.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/