Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

2017-та помина доста напорно, но успешно за Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ. Снимија неколку проекти, а се презафатени и со настапи како во земјава, така и надвор од неа. За дочекот  на Нова година се веќе резервирани во Цирих, Швајцарија.

Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ имаа уште една успешна година, исполнета со многу работа. Од бендот велат дека 2017-та била доста напорна, но дека целиот труд се исплати. Тие не го криеја задоволството од соработката со ИН Продукција, за која велат дека е дефинитивно една од најдобрите.

-Годинава беше напорна како и претходните години. Со текот на работата наша, со бендот и со нашиот драг колега работата се зголемува и годинава беше доста исполнета, така да се снимија многу проекти. Драго ми е што можам да кажам и да признаам на нашата публика дека проектите беа снимени со вашата ИН Продукција, за која сметаме дека е една од надобрите продукции во Македонија дефинитивно, каде што може да се испромовира не само во Македонија, туку насекаде и луѓето да го видат сето тоа.-истакна Александар, еден од членовите на бендот.

Покрај големиот број ангажмани во земјава, тие периодов се резервирани и надвор од нашите граници. Швајцарија, Шведска, Австралија се само дел од земјите кадешто настапува овој бенд.

-Периодов малку бевме ангажирани и надвор од нашите граници. Пред неколку дена се вративме од Швајцарија, а деновиве ќе бидеме во Шведска. За краток период одиме за Австралија, за нова година сме во Швајцарија.-додава Ѓоко.

Од бендот велат дека немаат многу време за настапи по клубовите низ земјава, бидејќи се доста ангажирани и година дена однапред се резервирани на семејни веселби и свадби, но сепак одредуваат и неколку датуми во годината за настап во некој клуб.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/