Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Со оглед на тоа што е стар македонски традиционален инструмент, гајдата може да се каже дека е и тежок инструмент


за свирење. Сепак, љубовта кон овој инструмент кај Петар Ангелески се јавува од најраната негова возраст , за денес тој да биде виртуоз на овој традиционален македонски инструмент.

-Во Македонија има гајдаџии но во глобала остануваат тие што се постарите. Нема секоја година нови, печени , млади. Младите избираат некој помодерен инструмент , сајзер, кларинет, гитара. Јас учевствував неколку пати во Долнени , си собирав материјали што свират стари ора од гајдаџиите и дома ги преслушував  и свирев, вели Петар.

Големиот квалитет и потенцијал кој го поседува Петар кон гајдата, се препознава и по тоа што бил побаран од село Качарево.

-Се случуваше десет годишнина од собир на гајдаџии од скоро цел Балкан. Во глобала имаше постари гајдаџии, помллади бевме само тројца, јас, еден колега од Прилеп и едно дете од Србија. Беше многу големо искуство, посебно за мене , видов нови ора, додава Петар.

Изминатово лето Петар зеде учевство и на фестивалот Пеце Атанасовски во село Долнени прилепско, при што додава дека после толку години свирење, дури годинава се осетил подготвен да оди и да учевствува на овој фестивал. Сето тоа за него претставувало големо искуство, како и стекнување на нови познатства на музичари кои го свират овој стар македонски инструмент.


scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/