Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Во пријатна и опуштена атмосфера, помина снимањето на новогодишното шоу со фолк дивата Елена Велевска. Впрочем, како  што и самата таа ги изнесе впечатоците, дека секогаш е задоволна кога работи со ИН телевизија.


-Дома ми е најрелаксирано да го работам тоа бидејќи се наоѓате тука во Охрид. Нештата се случуваа да ни бидат се на дофат , убаво се организиравме претходно , имавме и статисти во шоуто кое го приредивме. Се работи за еден новогодишен проект , поткрепен од групата Чардак. Сакавме да доловиме една традиционална македонска атмосфера и да биде тоа добредојдено во секој ден, посебно за време на новогодипните празници, истакнува Елена.

Вкупно проектот содржи единаесет одбрани песни, што би се рекло за мерак и весело расположение. Како што вели Елена, тоа ќе биде еден убав спомен кој ќе се гледа и ќе трае.

-Гледав да бидат и некои мои опфатени песни, како “Срце бакшиш ќе ти дадам”, една од песните која најмногу се бара на моите настапи. Тука беше и “Гледај ме, гледај либе” која што ја имавме со групата Чардак, но не беше многу промовирана. Се наоѓаат некои поживи песни “Излегла Евда низ чаршија”, “Една мома с мајка е”, “Марија млада невесто”, “По друм одам мајче”, “Каде сте македончиња”, има многу убави песни, некои не се со брз ритам, но гледав она што најмногу го сака публиката да биде предочено, додава Елена.

Во периодов кој следува Елена најави учевство на престојниот Роса фест како и бројни настапи надвор од нашата земја.

 

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/