Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Анета и група Молика снимија неколку нови песни пред заминувањето на двомесечна турнеја во Австралија. Песните ќе бидат како бонус на нивниот албум со авторски песни.

Пред нивното заминување за Австралија, Анета и група Молика снимија уште неколку нови песни. Како што истакна Анета тие песни ќе се најдат како бонус на нивниот нов албум кој излезе неодамна.

-Имаме неколку снимени песни за да им послужиме нешто ново на нашите македонци, нашата публика во Австралија. Бидејќи имаме нов албум, сакавме да има и неколку нови песни на албумот, што значи дека ќе бидат бонус тие песни.-вели Анета.

Пејачката ни откри дека албумот ќе има 13-14 песни кои се нивни авторски дела.

-На албумот има мислам 10 и овие 3-4 незнам точно колку се ќе бидат како бонус, така да ќе биде еден убав комплетен албум.-додава таа.

Анета и група Молика во моментов се наоѓаат во Австралија, каде ќе останат околу два месеци, а ќе одржат голем број концерти во повеќе градови.

Тие неодамна во соработка со ИН Продукција, снимија и Новогодишно шоу во живо. На нивниот репертоар има песни од нивниот нов албум, како и неколку стари македонски песни.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/