Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ снимија новогодишно шоу во Студиото на ИН Продукција. Тие подготвија богат репертоар со македонски и српски песни.

Новогодишно шоу во соработка со ИН Продукција снимија Енерџи Бенд и Ѓоко Јовиќ. На својот репертоар за нашите гледачи подготвија голем број македонски авторски песни, препеани македонски и неколку српски.

-Ние имаме одбрано повеќе песни, тоа е еден мој постар албум којшто сакам да го испромовирам и кој е доста баран, а исто така и песни коишто ги имаме со бендот, некои препеани македонски, српски песни.-вели Ѓоко.

Нивните очекувања се дека ова шоу ќе им се допадне на гледачите и дека ќе внесат убаво расположение во оние домови каде што ќе биде гледано истото.

-Нашите очекувања се секогаш на високо ниво, затоа што работиме со еден добар тим, добра телевизија, една прекрасна публика во Македонија којашто ги слуша нашите песни и којашто ужива со нашите песни и мислам дека ќе биде се во ред.-додаваат од бендот.

За Новогодишната ноќ Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ ќе ги забавуваат нашинците во Цирих, Швајцарија, а како што информираа од бендот картите за дочекот се веќе распродадени.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/