Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Ташко Каранфиловски гостуваше во ИН ТВ при што најави неколку нови песни и албум. Тој неодамна имаше настап пред женската публика во Шведска, а во преговори е за повторно патување надвор од земјава за дочекот на нова година.

Гостин во студиото на ИН Продукција беше Ташко Каранфилоски. Тој истакна дека во моментов работи на неколку нови песни и подготовка на албум на кој ќе се најдат 9 песни.

-Токму така сега го спремам и новиот албум веќе е при крај и се состои од 9 песни мои авторски. Ќе има и преработка една две песни, меѓутоа повеќето авторски.-вели младиот музичар.

Ташко открива дека новите песни се во повесел ритам, токму како што сака нашата публика. За претстојниот период најавува и снимање на три видео записи кои ќе ги работи ИН Продукција.

-Веќе закажано е со ИН Продукција дел од песните да добијат и видео запис, па се надевам дека ќе биде добро. Морам да напоменам дека секогаш ИН ТВ за сите пејачи, а поготово за нас помладите е отскочна даска, се надевам дека и овој проект како другите ќе биде успешен.-додава тој.

Тој неодамна се врати од Шведска каде одржа настап пред тамошната женската публика каде како што вели си помина прекрасно. За дочекот на Новата 2018-та е во преговори за неколку места, повторно надвор од Македонија.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/