Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Сашко Ристески промовира ново цд со ора од неговиот омилен инструмент, хармоника.

Младиот хармоникаш Сашко Ристески од Прилеп доаѓа на македонската музичка сцена на голема врата.  Тој долго време се занимава со музика особено со свирење хармоника, но во овој период одлучи целиот негов досегашен труд да го спакува во едно ЦД и да го донесе пред музичката публика. Сашко на своето ЦД има десет хармоникашки ора од кои две се српски преработки.

-Дојдов до едно ново музичко ЦД од кои две имам преработки. Снимено е кај мојот братучед Славко Ристески. Немав прилика да направам промоција досега , еве тоа го правам во вашава телевизија, вели Сашко.

Покрај тоа што е голем вљубеник во својата хармоника, Сашко има и сервис за поправка на хармоники во Прилеп. Настапува на голем број свадбени и приватни веселби, а има и свој бенд.

-Со Славко заедно растевме со музиката и така се разви желбата , а се занимавам со сервис на хармоники, додава Сашко.

Сашко нaстојува да ја пренесе љубовта кон хармониката и на сите оние млади кои се заинтересирани да научат да свират на овој исклучително добар инстумент.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/