Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Горан Проја од група ,,Оскар,, успешно ги владее народните дувачки инструменти. Иако за сите посебно гаи особена љубов, сепак го издвојува кларинетот за кој вели дека му е во срцето.

Музичарот  Горан Проја кој е дел од битолскиот Оскар бенд, ги владее дувачките инструменти. Горан истакнува дека веќе неколку месеци интензивно свири на труба и на

 народните инструменти-  гајда, зурла, шупелка и кавал.

  Секој нов инструмент е посебен и предизвик да се изучува. Саксофон свирам повеќе години, иако сум дипломиран  правник по професија. Но моето основно и средно

музичко образование се во тесна врска со кларинетот и затоа тој секогаш го зазема првото место во моето срце. Трубата ја сакам многу, но кларинетот ми е прв и основен

инструмент.

 Со него ме врзуваат многу успешни настапи на натпревари и секако мојата најдрага награда за прв кларинетист во Македонија во 2000 година.


 


Со оглед на тоа што  традиционалните македонски инструменти посебно гајдата, кавалот се доста барани кај нашинците во дијаспората, Оскар бенд сигурно ќе имаат успешна Австралиска турнеја.

-Се надеваме на добра забава да. Нашите народни инструменти - кавалот, гајдата, зурлата - секој инструмент ќе си најде место и допринес за добра

забава. -додава Проја.


 


Горан заедно со Оскар бенд, Орце Стефкоски и Сузи Анѓелковиќ на 30-ти октомври заминуваат на голема турнеја во Австралија, каде ќе одржат десетина концерти во повеќе градови.

Со оглед на тоа што овие традиционални македонски инструменти посебно гајдата, кавалот се доста барани кај нашинците во дијаспората, Оскар бенд сигурно ќе имаат успешна Австралиска

турнеја.


Горан заедно со Оскар бенд, Орце Стефкоски и Сузи Анѓелковиќ на 30-ти Октомври заминуваат на голема турнеја во Австралија, каде ќе одржат десетина концерти во повеќе градови.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/