Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Македонската верзија на песната “Недостапна за тебе” ќе си добие и свој спот. Елена Велевска нејзиниот најнов спот го снимаше во студиото на ИН Продукција. Таа вели дека очекувањата од истиот се доста големи.

Заврши снимањето на спотот за македонската верзија на песната “Недостапна за тебе” од Елена Велевска. Оваа песна ја освои бугарската публика, а со оглед на тоа што ова е едно модерно парче од Елена, таа има големи очекувања и од македонската верзија.

-Од македонската верзија очекувам многу повеќе бидејќи некои не разбираа што пеам во бугарската верзија, разбраа само во Бугарија, а во Македонија малку потешко, дури и ми бараа превод на самата песна, но дека ова на македонски јазик е буквален превод на самата песна, туку тоа е темата, да не се бега од тематиката којашто ја носи песната.-вели Елена.

Иако видеото не се снимаше покрај Охридското крајбрежје, Елена вели дека најубавиот момент е доловен токму од студиото на ИН Продукција, кое за првпат се користи за еден ваков спот.

-Текстот го направи Љупчо Василев, а музиката остана на Оцко. Се надевам дека имаме вистинско освежување за македонската музика и мислам дека ова е еден соодветен потег како што беше во времето со Наркотику мој, Невина, Луда и перверзен, мислам дека таа револуција ќе се постигне после Погледни ме за крај и Недостапна за тебе. Се враќаме на еден таков период и некако да не биде во застој македонската музика, не се произведува доволно песни па сакам ова да биде како една најава ете повторно да се активираме и да направиме напад со сите мои колеги. Ова е таа модерна музика којашто сакам да ја наметнам на нашата публика, тоа е тоа издание по коешто сакам да ја насочам фолк музиката. Мислам дека имаме полн погодок, а времето ќе покаже што ќе се случи во иднина.-додаде Велевска.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/