Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


По реализираниот проект со ИН Продукција, велешката група Екстрим бенд, најавува учество на претстојниот Роса Фест.

Групата Екстрим од Велес неодамна во соработка со ИН продукција сними неколку кавер верзии на постари македонски народни песни. Тие, како што открива хармоникашот Ангел се во размисла и за настап на Роса фест кој преостанува да се одржи во месец ноември. Секако групата е постојано активна на бројни музички ангажмани.

-Работиме во овој период и понатака на свадби и веселби кои ни се планирани, претежно во Велес, Скопје, тој регион, вели Ангел.

Спасе Антевски речиси две години е пропратен дел од оваа група со кој заедно соработуваат на повеќе настапи.

-Ги обожавам македонските песни, пспбено старите изворни песни, староградските. Кај нас сега се бараат повеќе стилови , турбофолк, забавна музика, рок музика, се трудиме да ги доловиме сите стилови.-вели Спасе.

На некој начин успеваат да ја задоволат публиката со стилот и вкусот на музика која го бара.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 17 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/