Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Прилепчанката Елена Јовческа најавува нов албум за средината на 2018-та година. Нејзиното 5-то цд ќе носи наслов “The best of Elena Jovceska”.

Фолкерката Елена Јовческа работи со полна пареа. Покрај бројните настапи и работни ангажмани, таа периодов снима и нов материјал. Елена при нејзиното гостување во ИН ТВ најави дека подготвува и нов албум.

-Се спрема новото цд, ќе го комплетирам до средината на 2018-та година, пред летниот период мислам дека ќе биде готово, затоа што веќе сум во преговори за турнеја и морам да бидам спремна.-истакна Јовческа.

Елена сеуште не одлучила колку песни ќе има на новото цд, можно е да има 15 до 20 песни.

-Планирам да има и кавер верзии на македонски песни, така да сеуште немам комплетирано колку песни би се нашле на ова мое 5-то цд, затоа што сакам да направам ова цд да се вика “The best of Elena Jovceska” и сакам да направам склоп од некои други песни коишто се мои, а ги бараат или кои сум ги препеала, а ги бараат. Ова цд ќе биде нешто значајно за мене затоа што мислам дека за 7 години кариера ова ќе биде 5-то цд, тоа е голем труд и се разбира голем влог.-додаде Јовческа.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/