Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Инспириран од љубовта, Михаил Корубин ја наслика неговата сопруга Каролина Гочева.

За свадбата на нашето македонско девојче и сликарот Михаил Корубин се крена голема прашина, а откако облакот спласна, младата брачна двојка повторно се врати во медиумска илегала и секако на работата. Михаил на своите четки и бојата, а пак Каролина на песните и микрофонот.

Сега како тазе брачни партнери дополнително уживаат во љубовта еден кон друг, која очигледно ги инспирира. Имено, Михаил не толку често е активен на социјалните мрежи, но деновиве за промена, реши да го наполни својот профил со објави од своите нови уметнички дела, од кои забележавме доста слична слика на платно како онаа кога пред неколку месеци неговата сакана Каролина позираше со свртен грб, а со фокус на нејзината коса.

Фотографијата и уметничката слика доста потсетуваат една на друга, иако Михаил не откри дека е инспирирана токму од сопругата.

Во секој случај, љубовта е најголемата инспирација, а дали во случајот за тоа е „виновна“ Каролина најдобро знае тој самиот.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/