Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Златко од група Чардак, македонската музика ја опишува како убава цреша, која околу неа има немирни деца.

Македонската музика  е како една убава и голема цреша која што стои на крајот на имотот, а околу се се само пргави деца, вака компаративно ја отсликува лошата состојба во која се наоѓа македонската музика, Златко до групата Чардак, додавајќи притоа дека многу тешко може да се заштити од надворешните влијанија.

-Тешко може да се заштити македонската музика. Можеби закони има во нашата држава не сум запознат со тоа, но мислам дека не се придржуваат луѓето кон тие закони. Не само македонскта песна, туку се што е добро се зема, копира и преработува. Нашиот проект беше со потпис за изведба на проектот кој го реализиравме, но езправно снимањ не треба да има, вели Златко.

Охридската група Чардак по турнејата која ја имаше во Австралија оваа годиниа, бележи уште поголеми работни ангажмани на работно поле. Тие се постојани на охридската ривиера, каде што најавуваат дека и понатака ќе продолжат со своите свирки во добро познатиот ресторан Тино.

Момците од Чардак не ја исклучуваат можноста за повторна турнеја во далечната Австралија, бидејќи како што додава Златко низ една анегдота, вратата ја оставиле отворена на заминување.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/