Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Сузи Анѓелковиќ во моментов подготвува нови песни. Таа најави промоција на истите за скоро време во студиото на ИН Продукција.

Пејачката Сузи Анѓелковиќ важи за голем промотор на македонската музика. Покрај бројните настапи и ангажмани низ Македонија, како и надвор од границите на нашата земја таа периодов работи и на нови песни. Сузи открива дека за скоро време ќе го промовира и нејзиниот албум.

На музички план во моментов е подготовката на новите песни кои се надевам дека за скоро време ќе бидат промовирани на ИН ТВ, така да сите гледачи ќе имаат можност да ги слушнат.-истакна фолкерката.

Сузи веќе ги привршува и подготовките за големата турнеја во Австралија, каде ќе настапува заедно со Оскар бенд и Гоце Стефкоски. Таа беше дел и од проектот на Оскар бенд, кој се снимаше деновиве, а изведе две македонски познати песни.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 34 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/