Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Мартин Стојаноски сними нова песна со наслов “Маре, мори Маре”. Ова е втора негова самостојна песна.

“Маре, мори Маре” е насловот на новата песна на Мартин Стојаноски. Тој за гледачите на ИН ТВ истакна дека песната е доста интересна, со брз ритам и љубовна тематика.

-Песната е дело на Далибор Ѓошиќ, кој е комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот, а снимена е во студиото на Љупчо Соколоски од Скопје.-вели Стојаноски.

Песната “Маре, мори Маре” е негова втора самостојна. Снимена е пред две недели, а Мартин вели дека очекувањата од неа се големи.

-Па морам да кажам дека на оваа песна гледам доста оптимистички и се надевам дека им се допадна на слушателите кои досега ја слушнаа, бидејќи е снимена пред скоро две недели.-додава Мартин.

Првата негова песна беше снимена пред година и пол, а носи наслов “Аманет”. Покрај неговата соло кариера, Мартин е дел и од групата Марифет.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 28 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/