Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Летниот период одбележан со бројни настапи на Милениум бенд. Со оглед на тоа што повеќето од песните им се од свадбарски карактер, членовите на бендот велат дека најчесто свират на фамилијарни веселби низ цела земја.

Преку летниот период, како и сите музичари така и Милениум бенд се презафатени со настапи низ целата земја. Тие најчесто свират на семејни веселби.

-Ние сме доста зафатени со работа преку летниот период со фамилијарни веселби. Секој викенд сме на тие веселби. И преферираме, кон тоа тежнееме и самите песни, тематиките кои ги снимаме, горе долу ни се од свадбарски карактер, така да на тоа сме одредени, тоа го работиме. Не преферираме друг вид  на музика.-велат од бендот.

И периодов имаат настапи, но со оглед на тоа што веќе намалуваат свирките, можат да се посветат на снимање нов материјал.

-Сега намалуваат тие фамилијарни веселби, се фокусираме на снимање, на работење. Преку зимскиот период да има што да видат гледачите и нешто ново од нас. За Нова година ќе настапуваме во Охрид и не е случајно што го одбравме токму овој град. Сакаме да се доближиме и до охридската публика.-додаваат од бендот.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/