Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Музичарот Славко Зафироски продолжува со снимање на нов материјал. Тој најавува нова песна и спот за скоро време.

Славко Зафироски најави уште една нова песна. Тој деновиве го заврши снимањето на неговото првенче со наслов, Бела Маре, а веќе подготвува нова композиција за која истакна дека ќе биде уште повесела од првата.

-Мислам дека ќе биде поразлична, народна, уште повесела, но да не откривам многу. Нека остане тајна, за кратко време отприлика за еден месец ќе се дознае се.-вели Зафироски.

Тој открива дека и таа песна ќе си добие свое видео кое повторно ќе биде во соработка со ИН Продукција.

ланирам сега и втората песна да ја снимам, тоа ми е приоритет и се разбира одма после фестивалот Роса фест кој ќе се одржи во Скопје, да снимам и видео запис за таа песна. Моментално е тоа, па за понатаму ќе видиме, здравје Боже.

А кога станува збор за настапи надвор од Македонија, Славко вели дека досега немал некоја поголема турнеја, но се надева дека за брзо време ќе има некоја понуда.

-Зависи од тоа како ќе ја прифатат моја прва песна. Најдобро да оставиме времето да покаже.-додаде тој.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/