Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Се ближи големата турнеја во Австралија на Оскар бенд, Орце Стефкоски и Сузи Анѓелковиќ. Тие за гледачите на ИН ТВ истакна дека се подготвени и велат дека за нив турнејата ќе биде доста интересно доживување.

Оскар бенд, заедно со Орце Стефкоски и Сузи Анѓелковиќ на 30-ти октомври патуваат на големата турнеја во Австралија. Тие велат дека веќе скоро се е подготвено за ова патување, остануваат уште некои мали ситници.

-Ете по долги години работа испадна да бидеме побарани од друштвото Јане Сандански од Мелбурн. Тие не побараа, ние им излеговме за соработка, се оствари еден добар договор значи за месец дена отприлика патуваме за Австралија. Таму имаме десетина концерти, неколку приватни забави низ повеќе градови во Австралија, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Бризбејн, во сите градови кадешто живеат македонци.-истакна Горан Проја од Оскар бенд.

Со оглед на тоа што ова е прва турнеја за Оскар бенд, а некои од членовите и за прв пат ќе патуваат со авион, Горан вели дека сигурно ќе биде интересно доживување за сите нив.

-Јас одам по 11-ти пат. Имав малку поголема пауза од 4-5 години, но тоа е и добро, впрочем и публиката треба да те повика, да те посака. Јас досега сум презадоволен од дадените концерти во Австралија, се надевам дека и оваа турнеја ќе биде многу успешна. 12 концерти за 30 дена, тоа е фантастична агенда и пријатно сум изненаден. Очекувам и публиката да биде презадоволна, впрочем и секогаш е така, но овој пат навистина ќе бидат презадоволни, бидејќи нудиме нешто скриено, нешто ново, коктел песни со коишто навистина мислам дека ќе го запамтат нашето гостување.-вели пејачот Орце Стефкоски.

-Јас би сакала да му се заблагодарам на мојот драг колега Орце Стефкоски што ми на некој начин помогна да бидам дел од оваа цела екипа и за првпат да гостувам во Австралија.-вели Сузи Анѓелковиќ.

Тие се надеваат дека ќе си поминат одлично и дека ќе имаат успешна турнеја која долго време ќе се раскажува.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/