Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Спасе Антевски има нова песна, но и оваа година него повторно ќе го гледаме во големото српско шоу, Звездите на гранд.

Спасе Антевски, речиси подолго време е застапен на македонската музичка сцена. Тој веќе неколку години гради паралелно и соло кариера но настапува и во взаемна корелација со групата Екстрим од Велес.

-Сега имам една нова песна, балада која брзо е снимена. Малку е емотивна за мене, многу мисе допаѓа а се надевам дека ќе им се допане и на гледачите, истакнува Спасе.

По минатогодишното учество на Спасе во Ѕвездите на Градна, тој се пријави и оваа година да биде дел од ова големо балканско шоу во соседна Србија.

-Таму навистина неможам да го опишам целиот тој настан. Има премногу емоции уште од самиот почеток, па се додека трае снимањето. Постапката додека дојдат тие ѕвезди, па целата таа трема која владее кај сите. Сепак сето тоа е ново искуство, додава Спасе.

Помеѓу другото Спасе бележи и неколку настапи на фестивали низ нашата земја.


scroll back to top
 

Гости присутни

Има 38 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/