Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Презадоволна е од видео записот за песната "Машала". Елена Јовческа вели дека се одлучила да направи видео за оваа песна, бидејќи е доста барана на нејзините настапи.

Елена Јовческа е презадоволна од видео записот за песната “Машала”.

-Ова е една многу убава песна и редно беше да се испее онака како што ја направив јас, па се надевам дека ќе им се допадне на гледачите. Видео записот се снимаше во Штавица, прилепско село кое инаку се нарекува Мал Холивуд, многу добро го знаат сите. Имавме одлична соработка со ИН Продукција, а сакам да им се заблагодарам и на играорците од КУД Мирче Ацев. Секако благодарност и на мојот колега Алмир којшто гостуваше во спотот, воедно тој свири на самата песна.-истакна Елена при интервјуто за ИН ТВ.

-Најмногу работам во западниот дел од Македонија, каде многу често ми ја бараа оваа песна и ете одлучив да ја снимам за да знаат кога ја бараат, да кажуваат “Машала” која ја пее Елена. Тоа ми беше и целта затоа што навистина песна којашто ја бараат, а никој нема направено видео запис е жално. На некои од слушателите им е позната оваа песна, а на некои не. Мојата цел е да биде позната насекаде во Македонија и ширум светот се разбира кадешто се нашите македонци. Се надевам ќе им се допадне, затоа што дадов максимум од себе, дадовме максимум сите.-вели Елена.

Видео записот за песната Машала, го изработи ИН Продукција.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 30 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/