Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Славко Зафироски сними спот за неговата прва песна “Бела Маре”. Спотот се снимаше во Гостивар и Куќата на мијаците, во соработка со ИН Продукција.

Славко Зафироски го заврши снимањето на спотот за неговото првенче со наслов “Бела Маре”.

-Веќе подолг период размислував дали да снимам, дали не и ете на крај испадна дека треба да снимам дека сакам да пробам и да видам до каде можам да стигнам и се надевам дека не згрешив што снимав.-истакна Славко, додавајќи дека песната Бела Маре беше изведена на Роса Фест, минатата година.

-Првата сцена се снимаше во Гостивар во селото Беловиште, поточно во ресторанот “Дабов лад”, голема благодарност до нив. Вториот дел го снимавме во манастирот Свети Јован Бигорски кај “Куќата на мијаците” може да видите амбиентот е прекрасен и јас сум многу задоволен. Со еден збор чувството е прекрасно.-вели Зафироски.

Во видеото се појавува и познатиот музичар Златко Миладиноски кој воедно е автор на музиката и аранжманот, а текстот е на Драган Матески.

-Нормално требаше да се појави, го поканив како специјален гостин и како што и самите можевте да видите, одлично беше, супер се дружевме, чувството е неописливо. Се надевам дека ќе им се допадне на гледачите, дека ќе ја прифатат. Од моја страна што можев направив, сега оставам на публиката да одлучи дали ќе ме прифати или не.-додаде тој.

Славко не го криеше задоволството од соработката со ИН Продукција, а најавува уште еден спот за скоро време.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/