Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Битолскиот Оскар бенд деновиве го финишира својот најнов проект во соработка со Ин продукција. Според првичните


оценки на Горан, член од бендот, проектот поминал доста добро со оглед на тоа што мактрпно работеле во изминатиов период.

-Повеќе луѓе работаа на овој проект и мислам дека на крајот ќе излезе убава работа. Подолго време размислувавме да снимиме нешто во живо од старите македонски хитови. Сега ова доаѓа баш пред нашата турнеја во Австралија. Се надевам дека ќе се пуштат во етер пвие хитови. Опфативме голем број на инструменти и се надевам дека публиката ќе ужива во сето тоа, истакнува Горан.

На 30ти октомври групата Оскар заминува на својата прва австралиска турнеја на покана на КУД Јане Сандански од Мелбурн. Предвидени им се околу 10тина концерти.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 41 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/