Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Младата Емилија Петрoска од мали нозе ги бележи своите почетоци во музиката а со гитарата се дружи само една година.


Таа свири акустична гитара, која и е преголема љубов, но има желба да научи да свири и пијано.

-Веќе една година мој пропратен инструмент на моите настапи е гитарата. Тоа е мојата најголема љубов кој овој инструмент го сакам уште од малечка. Секако сакам да научам да свирам и на пијано, вели Емилија.

Емилија не може есно да каже што повеќе ја влечи во музичките води, дали е тоа пеењето или пак инструментите. Таа е категорична дека и двете одат заедно.

-Си правам кавери на youtube. Имам искомпонирано две англиски песни, сега ја правам и третата. Повеќе ме влечи странската музика, вели Емилија.

Сепак, повеќе ја исполнуваат странските песни, а повеќе се пронаоѓа и во шпанската музика. Нејзин најголем идол од македонските пејачи е Каролина Гочева.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/