Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

“Горда жена” е новиот видео запис кој во соработка со ИН продукција изминативе денови го сними Милица Кузмановска.


Автор на оваа песна е виртуозот на хармоника и најпознатиот композитор во нашата земја, Милан Завков. -Песната е една убава балада. Милица Кузмановска мене ми е секогаш предизвик за

да направам добра песна, затоа што се работи за еден исклучително добар вокал. Така што нејзината интерпретација и боја на глас се совпаѓа и секогаш имам инспирација да направам нешто

добро. Секоја соработка што сум ја имал со неа била секоша успешна, вели маестро Завков, додавајќи дека и понатака ќе продолжи нивната соработка. Свое задоволство од остварената

соработка со ИН продукција, изрази и Милица која истакна дека сето тоа ќе даде позитивен плод. -Досега со Милан Завков имавме доста успешни соработки, па решивме да направиме не нешто

уште поубаво, емотивно , што го карактеризира мојот стил на пеење и мојата работа досега. Текстот е на Орце Зафироски , а песната и спотот се работат со субвенции Владата, додава Милица.

Милица која долги години е во фолк музиката во нашата земја, не го крие фактот да каже дека пејачот се претставува всушност како што функционира. -Давам многу емоција во сите мои

песни, што мислам дека може да се забележи тоа. Не велам дека немам, имам и повесели песни, сепак човек треба да пее секаков стил, меѓутоа најмногу се пронаоѓам во овој стил, каде што

можам комплетно да се искажам и како пејач и авторите да дојдат до израз. Да имаме една имаме една комплетна музичка целина, бидејќи јас на музиката гледам како една убава уметност,

вели Милица. Јасмина најави бројни работни ангажмани во летниот период.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/