Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Младите Натали и Петар овој викенд ќе го имаат својот најголем ден во нивните животи. Тие допатуваа од


далечната Австралија за тука, крај брегот на Охридското езеро да ја реализираат својата свадбена церемонија. Петар Ристевски по потекло е од Битола но долго време живее и работи во Австралија а до неодамна беше и заменик градоначалник на Ливерпул. Младата Натали Џајга по мајка е герангличанка  а по татко германка. Но, работната професија иако од различни сфери, успеала да ги спои овие двајца млади, кои како што велат тоа било љубов на прв поглед.

Натали работи како полицаец во Сиднеј каде што и живеат, додека пак Петар на една журка со пријатели малку кренале повеќе врева, па соседите повикале полиција.

-На една моја журка со пријателите, од страна на повикот од полицијата дојде токму Натали, со која се запознавме и тоа навистина беше љубов на прв поглед. Додека останатите од полицијата запишуваа ние се запознавме и јас потоа ја пронајдов Натали на социјалните мрежи, каде што и испратив неколку пораки и тоа беше доволно за да се зближиме и еве по една година да ја реализираме нашата свадба, вели Петар.

За истакнување е пред се преголемата вљубеност на Натали во Македонија, како што вели и самата целата земја е прекрасна и секое место е посебно.

-Најдобро место е Охрид. Ми се допаѓа местото, храната, целата држава. Сега после ова посакувам уште почесто да доаѓам тука во Македонија пред се во Охрид, вели Натали.

Натали не го криеше податокот да откире дека на утрешната свадбена церемонија ќе носи креација од Галија  Лаха, италијански дизајнер. Прекрасен фустан како што рече кој чини доста.

-Свадбената церемонија ќе биде најпрво во црквата Света Богородица во Калишта, во непосредна близина на хотелот Изгрев. Ќе не венча Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан . ќе имаме локална музика, групата Џуниор од Битола, Марјан Коцев и Благојќе Стојановски Туше, вели Петар.

Посебно воодушевува фактот што Натали е веќе од неодамна христијанка.

-Пред една недела бевме во Манастиро Св.Јован Бигорски и се прекрстив, да бидам верник по македонската православна црква. Па веќе ги прифаќам со тоа сите ваши традиции, вели Натали, додавајќи дека тоа се реализирало преку Монархот Партениј од овој манастир.

За наша радозналост и изненадување Натали многу добро знае да каже “Добро утро”, “Добро вечер”, како и да избори до 10 што е навистина за пофалба за толку краток период и неколку пати доаѓање во Македонија.

По нивната свадба тие на меден месец ќе одат Санторини на неколку денови а веднаш потоа се враќаат назад во Австралија. Но сепак како што истакна Натали, Македонија за неа е број еден дестинација за одмор, при што на големо ќе ја препорачува на секој пријател во Австралија.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 111 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/