Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

ХРИСТИНА ИЛИЈОСКА И МАЕСТРАЛ - ПО ДРУМ ОДАМ - 0%
АНЕТА И МОЛИКА - ЈАНО ЛЕ ЈАНКЕ УБАВА - 11.1%
ЈОВАНА ЈАКИМОВА И ЕКСТРА БЕНД БТ - ЈА ИЗЛЕЗИ СТАРА МАЈКО - 11.1%
БЛАГИЦА ПАВЛОВСКА - ПИЈАНА ОД ЉУБОВ - 33.3%
ФАВОРИТИ БЕНД БИТОЛА - АНГЕЛИНО - 0%
ДАНИЕЛА ТЕМЕЛКОВСКА - РУМ ДУМ ДУМ - 11.1%
ЕВТО ПУПИНОВСКИ - ТИНКЕ КАТИНКЕ - 11.1%
БЛАГОЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ТУШЕ - ЗЕЛЕНИ ОЧИ - 0%
ЕЛЕНА ВЕЛЕСКА И ЦАРДАК - НИКНАЛО ЦВЕЌЕ ШАРЕНО (ПРЕДЛОГ) - 11.1%
ГРУПА МАРИФЕТ - ОПА ОПА ОПСАСА (ПРЕДЛОГ) - 11.1%
The voting for this poll has ended on: 09 Сеп 2017 - 00:00


Емотивната музичка приказна на охридскиот гитарист Мартин Милески, насловена како "Colosseum Full of Emotions" е градена врз база на емоции. Целта е да ги разбуди вистинските вредности кај оние лица кои мислат дека се несреќни. Албумот е веќе готов, а се очекува да излезе за скоро време.

"Colosseum Full of Emotions" е насловот на новиот албум на Мартин Милески, кој наскоро ќе излезе. 

-Песните се градени врз база на емоции, а целта ми е да допрам до оние луѓе кои недоволно го ценат животот, на оние кои мислат дека се несреќни. Така да, преку оваа музичка приказна сакам да ги разбудам вистинските вредности кај луѓето.-истакна Мартин.

Албумот е биографски и е составен од 8 дела, а песните се поврзани едни со други.

-Првите две песни се за моите родители, третата и четвртата можам да кажам дека е за сите оние неправди што сум ги доживеал досега. Четвртата и петтата песна се посветени за една прекрасна девојка, која повторно ми ја врати насмевката во мојот живот.  А во останатите песни се навраќам на тоа колку си спремен да продолжиш после се. Без разлика низ што се си поминал, дали добро, дали лошо. И да оди се добро, една мала негативна работа би можела да те уништи и колку си спремен да продолжиш понатака.-додава Милески.

Мартин истакна и голема благодарност до неговиот продуцент Александар Јосифоски, за кој вели дека е доста заслужен за овој албум.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 72 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/