Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Изминатиов период кружеа гласини дека Лоба се разделила од момчето. Таа ги демантира ваквите гласини со најновата фотографија со Ѓорѓи која ја објави на Инстаграм.

Викторија Лоба веќе неколку години ужива во љубовта со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи. Но пред некое време започнаа да кружат гласини дека дошло крај на нивната врска, а тоа некако се подгреваше и со фактот дека Лоба престана да објавува заеднички фотографии.

Сепак деновиве на Инстаграм таа откри дека нивната љубов е посилна од кога било. Лоба објави заедничка фотографија на која се гледа дека двајцата се релаксираат покрај вода. Дали станува збор за грчките плажи или повторно за крстарење со јахта на Охридското Езеро, останува мистерија.

Инаку пејачката и нејзиниот партнер веќе неколку месеци живеат заедно, па најверојатно свадбените ѕвона се на видикот.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 73 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/