Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Анета Арсовска вели дека во Македонија повеќе се цени изгледот него вокалните способности и додава дека сето тоа е наметнато од соседството, посебно од Бугарија каде има голем број пејачки кои се антиталенти, а на кои наместо квалитетен глас, им е битна голотијата.

Пејачката Анета Арсовска вели дека во Македонија повеќе се цени изгледот наспроти вокалните способности, што според неа е доста погрешно.

-Прво и основно за еден пејач е да има добар глас, значи наша работа како прво е да отпееме добро, така да според мене на прво место е гласот, а потоа изгледот. Меѓутоа сметам дека тие работи си одат една по друга и добро е кога ги поседуваш и двете, па потоа со тек на време, нормално се надоградуваш.-истакна Анета и додава дека сето тоа е наметнато од соседството, а посебно од Бугарија.

-Меѓутоа не би рекла за соседството од Србија, затоа што таму има навистина огромни таленти. Немам ништо против Бугарија, но таму има повеќе антиталенти. Секоја чест на големите таленти, има таму и прекрасни пејачи, меѓутоа земено во глобала има пејачи со многу слаби вокални способности. Додека во Србија има многу поголеми квалитети. Значи за Србија овој коментар не би го дала. Можеби имаат нешто попримено од Бугарската естрада и мислат дека побитно е да се разголиме малку повеќе, а не е битно што ќе отпеемеСепак, тоа е мое мислење, немора да бидам во право и несакам да бидам погрешно сфатена, меѓутоа мислам дека треба малку посериозно да се гледаат сите тие работи.-додаде Анета.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/