Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

"Песната “После тебе” е наша отскочна даска и мотив за работа понатаму."-велат членовите на Адреналин бенд. Што се однесува на нивните настапи, тие истакнаа дека веќе се резервирани и немаат слободен викенд.

Момците од Адреналин бенд се презадоволни од тоа колку е прифатена кај публиката нивната прекрасна балада “После тебе”. Филип, вокалот на бендот истакна дека оваа песна, која е нивно првенче им била отскочна даска, како и мотив за да продолжат понатаму со нивната кариера. А за тоа колку песната е омилена кај јавноста, покажуваат прегледите на јутјуб каналот.

-Песната дојде спонтано. Едноставно бевме собрани на проба, ни влезе во уво песната и одеднаш ајде ќе ја снимаме и ете го производот.-додава Филип. Текстот за песната “После тебе” е дело на добропознатиот Огнен Неделковски, додека за аранжманот се погрижи Мите Стоилков.

Кога станува збор за нивните настапи, веќе започнаа редовните свирки ширум целата земја.

-Можам да кажам дека веќе немаме слободен викенд, значи и без разлика дали е тоа свадбена веселба или приватна забава, бројот на настапи видно се зголемува и тоа мислам дека се должи на оној напор и труд вложен изминатиот период.-вели Ивица.

Нивните очекувања се доста големи, а се надеваат дека во скоро време ќе излезе и прилика за гостување надвор од Македонија.

Во продолжение уживајте во нивната балада "После тебе" !

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/