Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Росана и Маријана направија свадбено шоу за нивната ќерка и внука, кое долго ќе се памети. Тие после долги години повторно застанаа заедно и го отпеаа нивниот голем хит "Признавам" со кој ги воодушевија гостите на свадбата.

Во еден скопски ресторан се случи свадбената веселба на ќерката на поранешната пејачка Росана Сариќ Тодоровска и актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, Ивана, која стапи во брак со Англичанецот Џејмс. Среќната тетка Маријана за големиот ден на својата внука допатува од Австралија и по повеќе години се сретна со своите роднини, пријатели и секако сестра си Росана.

Многу невести и младоженци на своите свадби сакаат да го слушнат евергринот на близначките „Признавам“, а тие специјално за својата ќерка и внука по многу години повторно застанаа заедно на сцена и направија атмосфера за паметење.

Фотографиите од овие посебни моменти за нив, гордата тетка ги објави на социјалните мрежи, а пак Росана и Трупче и официјално станаа баба и дедо.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 72 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/