Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Младата пејачка Тамара Ангеловска гостуваше во ИН ТВ. Таа истакна дека со нејзината прва песна на англиски јазик “Blame on you”, сака да ги освои Европа и светот.

Младата и талентирана пејачка Тамара Ангеловска изминатите денови ја промовира својата прва песна на англиски јазик “Blame on you”. Песната е во продукција на реномирана косовска продукција, а се снимаше на неколку локации во Струга. Тамара е презадоволна од тоа како и колку е прифатена песната досега од јавноста, а со оваа песна таа планира полека но сигурно да ги освои Европа и светот.

Тамара има неколку кавери на светски познати нумери, каде пее на албански, француски и англиски јазик.

-Тие песни имаат високи вокални капацитети и мислам дека преку тие песни можам да ги покажам моите вокални способности повеќе.-вели таа.

Тамара досега има снимено три песни, а ни откри дека веќе е готова и наредната која ќе излезе за скоро време. Што се однесува на настапите во летниот период, таа вели дека истите ќе започнат во месец Август, а моментално се подготвува за приемните испити на факултет, бидејќи студирањето ќе биде надвор од нашата земја.

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 75 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/